ВИДЕО: Погледнете го најсрамниот пенал во историјата на фудбалот

Некои пенали беа благо комичниво во финалето на нигерискиот Огуна куп/Фото: Принтскрин/twitter.com

Во финалето на Огуна купот во Нигерија се случи ситуација од која многу луѓе се срамат, а многу луѓе допрва треба да реагираат.

При изведувањето на пеналите повеќе од очигледно беше дека само еден клуб може да го освои трофејот.

Пенал серијата беше решена со 3:0, некои пенали беа благо комични. И не е изненадување што сега можат да се најдат речиси насекаде на социјалните мрежи.

Ијебу Јунајтед требаше да изведе пенал, а голманот на противничкиот тим реши да не мрда.

Подоцна играчот на Ремо Старс со број „12“ изведе пенал за неверување, наместо кон голот шутираше кон корнер знаменцето, а потоа самиот не можеше да поверува што направи.

Како никому не му паднало на памет дека сè се снима? Или можеби едноставно не им беше грижа. Доколку мислевте дека фудбалот повеќе не може да ве шокира, погледнете го видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот