ВИДЕО | „Под кулите на Струмица“: Александар, Дац и Перо Христов со феноменална преработка на легендарната струмичка градска песна

youtube
Фото: Принтскрин / Јутјуб

Славното музичко дуо Драган Спасов-Дац и Александар Митевски ги освојуваат срцата на македонската јавност со уште една нумера. Овојпат станува збор за преработка на легендарната струмичка градска песна „Под кулите на Струмица“.

„Новата верзија на легендарната струмичка градска песна „Под кулите на Струмица“ ја посветуваме на градот Струмица. Оваа музичка и видео разгледница е убава приказна во која се испреплетуваат љубовта, традицијата, носталгијата, како и убавините на денешната Струмица“, вели дуото.

Овој проект, како што велат, не би можел да се оствари без специјалниот гостин, легендата на народната песна Перо Христов и градскиот состав „Распеани струмичани“.

Песната е дел од проектот „Ново руво“ на дуото Александар и Дац. За аранжманот на песната се погрижија Ташко Грујовски, А.Митевски и Б. Василески. Акустички гитари и тамбури: Ташко Грујовски. Зад пијано Борислав Јоргушески и електрична гитара Бобан Василески.

 

Видео на денот