ВИДЕО | Почина Индиецот кој имаше 38 жени, 89 деца и 36 внуци: Зиона Чана беше главата на најголемото семејство во светот

Instagram
Instagram

Во индиската сојузна држава Мизорам, почина 76-годишен маж за кој се сметало дека бил главата на најбројното семејство на планетата, пренесува „BBC“.

Зиона Чана бил лидер на верска секта која практикувала полигамија, а починал во неделата, оставајќи зад себе 38 сопруги, 89 деца и 36 внуци.

Веста ја потврдил главниот министер на државата Мизорам, Зорамтханга, кој преку социјалната мрежа „Twitter“ им изразил сочувство на членовите на семејството. Чана наводно страдал од дијабетес и висок крвен притисок.

Лекарите за индиската новинска агенција PTI изјавиле дека неговата состојба се влошила додека бил во својот дом во селото Бактавнг Тлангнуам. Во неделата вечерта бил пренесен во болница, каде по приемот бил прогласен за мртов.

Во прилогот на „BBC“ се наведува дека е тешко со сигурност да се каже дали Чана бил навистина главата на најголемото семејството во светот, имајќи превид дека во светот се јавуваат и други лица кои велат дека ја носат таа „титула“.

Истовремено е тешко прецизно да се процени бројноста на членовите на неговото семејство. Во најмалку во еден извештај е наведено дека има 39 сопруги, 94 деца, 33 внуци и еден правнук, вбројувајќи, вкупно 181 член на семејството.

Меѓутоа, без оглед дали станува збор за светски рекорд или не, Чана и неговото семејство станаа своевидна локална сензенција која привлекуваше туристи во селото во североисточна Индија. Вилата е главна туристичка атракција во оваа индиска држава, а доаѓаат да ја посетат туристи од целиот свет.

Бројното семејство живее заедно во четирикатница под називот „Chuuar Than Run“ (Куќа на новата генерација) со стотина соби. Локалните медиуми пишуваат дека сопругите на Чана ги делеле собите во близина на неговата спална соба.

Агенцијата „Reuters“ пишува дека Чана е роден 1945 година и дека својата најстара сопруга, која е три години повозрасна од него, ја запознал кога имал 17 години. Семејството ѝ припаѓало на христијанската секта „Чана Пави“, која има околу 2.000 следбеници. Сектата којашто им дозволува полигамија на мажите во 1942 година ја основал дедото на Чана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот