ВИДЕО: Почина хрватскиот новинар Лазо Голужа, автор на популарната „Квискотека“

Фото: Миа.мк

Новинарот и уредник во Хрватската телевизија и автор на „Квискотека” Лазо Голужа почина денеска во Загреб на 85-годишна возраст.

Информацијата за хрватските медиуми ја потврди неговиот син Доминик Голужа.

Голужа дипломирал компаративна книжевност и италијански јазик на Филозофскиот факултет во Загреб, а по студирањето со Пајо Канижај го основал списанието „Парадокс”.

Тој даде најголем придонес во областа на квизовите, меѓу кои се: „Три, два, еден … но вреден”, „Песочен часовник”, „Бројки и букви”.

Негов најпознат проект е „Квискотека”, која за првпат беше емитувана во 1979 година и ја водеше Оливер Млакар и беше многу популарна во поранешна Југославија. Се прикажуваше 15 години, обновена е во 2000 година, но бидејќи не стекна популарност беше прекината по една сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот