ВИДЕО | Почина хрватскиот актер кој стана симбол за родољубието

Даниел Пера / Фото: Скриншот/Јутјуб

На 53-годишна возраст почина Даниел Пера, еден од актерите во видеозаписот за песната „Bili cvitak“ на хрватскиот музичар Јуре Стублиќ и неговата музичка група „Филм“, објави „Задарски“.

Видеозаписот е снимен во Задарската жупанија, а дејството се одвива во 1992 година во околината на Задар и Затон. Улогите во спотот им припаднаа на домашни актери, но најголем впечаток остави токму Даниел Пера.

Приказната во песната е раскажана од гледна точка на еден млад војник, кој зборува за своите чувства и мисли пред да замине на бојното поле. Тој ја теши својата сакана, велејќи и дека ако умре, не треба да го жали и дека неговата смрт ја смета за знак на победата и слободата на својот народ.

Во 1992 година, ова видео ја доби наградата за најдобро музичко видео во емисијата „Хит Депо“ на Хрватската радио-телевизија.

Нека почива во мир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот