ВИДЕО: Победа за Ериксен и осминафинале, Данска ја декласираше Русија во Копенхаген!
Се комплетираше последното трето коло и во групата „Б“, таму Белгија забележа уште една победа против Финска (2:0), а Данска убедливо со 4:1 триумфираше над Русија.
Белгиската репрезентација во Санкт Петербург освои нови три бода, во 74 минута Храдецки постигна автогол, додека Лукаку во 81 минута го постави конечниот епилог на дуелот со Финците.
Данците кои останаа без првата ѕвезда Кристијан Ериксен кој доби срцев удар на дуелот со Финска, и покрај двата порази во првите две кола, играа за својот репрезентативен колега и со денешниот триумф над Русите од 4:1 (прв на шампионатот) обезбедија пласман во осминафиналето како второпласирани.
Дамсгаард (38`) и Поулсен (59`) ги постигнаа првите два гола во Копенхаген за данската селекција, намалија во 70 минута Русите со погодокот Дѕјуба од пенал. Другите два погодоци во победничките редови беа дело на Кристенсен (79`) и Мехле (82`).
Играчоте на селекторот Каспер Хјулман во осминафиналето ќе игра против Велс, Русија е елиминирана од ЕП, додека Финска го чека расплетот од другите групи.
Евро 2020
Група „Б“
3. коло, резултати –
Русија – Данска 1:4
Финска – Белгија 0:2
Конечна табела:
1. Белгија 7:1 9 бодови
2. Данска 5:4 3
3. Финска 1:3 3
4. Русија 2:7 3
ВИДЕО: Холандија без грешка, Италијанците во осминафиналето против Австрија!