ВИДЕО | По ремито со Шпанија, Србија против Данска повторно ги разочара навивачите

Фото: EPA-EFE/LISELOTTE SABROE DENMARK OUT

По ремито со селекцијата Шпанија, Србија вечерва им приреди разочарување на навивачите со поразот од Данска 2:0.

Данска ја елиминираше Србија на Европското првенство, а сега овој пораз сигурно повторно ќе донесе реакции во српската јавност.

Не доминираа Данците толку многу, но ги искористија своите шанси и дојдоа до победата. Резултатот го отвори Гронбек во 36. минута, а во 61. минута Поулсен со атрактивен гол ги постави конечни 0:2.

Србија во финишот изгледаше безидејно и не создаде некоја посериозна прилика, па мораше да се помири со поразот.

Во овој септемврски циклус, Србија беше драстично ослабена и без дури 14 фудбалери кои играа на Европското првенство. За поправка на впечатокот избраниците на Пикси ќе имаат шанса во октомври кога ќе ја пречекаат Швајцарија и ќе гостуваат кај Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот