ВИДЕО: По пожарите, Евија ја зафатија поплави – уништени домови и патишта

Поплави на грчкиот остров Евија/ Фото: Twitter/Savvas Karmaniolas @savvaskarma

Поплавите што го погодија северниот дел од грчкиот остров Евија не однесоа човечки животи, туку доведоа до евакуација на десетици луѓе од поплавените домови и ги направија патиштата непроодни.

Плажите се полни со кал што се лизга од блиските планини.

Невремето, кое започна во четвртокот во северните и централните делови на Грција, донесе голема количина дожд, а нови врнежи се очекуваат вечерва и утре.

На Евија, вториот по големина грчки остров, пожарите уништија третина од шумската површина пред неколку месеци.

Извор: Бета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот