ВИДЕО | По оваа снимка сите зборуваат за здравствената состојба на Путин! 

Рускиот претседател Владимир Путин вчера имаше напад на кашлица за време на видео состанок,  што предизвика бројни шпекулации за неговото здравје, особено во западните медиуми, по што Кремљ негираше дека првиот човек на Руската Федерација има здравствени проблеми.

Рускиот претседател се мачеше да ја заврши реченицата додека разговараше со највисоките функционери за финансиските проблеми на земјата предизвикани од вирусот ковид-19, пишува британски „Дејли Меил“, нагласувајќи дека видеото подоцна било монтирано.

Претседателот се извини и го продолжи состанокот речиси без пауза, се вели во соопштението на Кремљ.

Во видео повикот, Путин разговарал со рускиот министер за финансии Антон Силуанов и други високи претставници кога започнал „нападот“ на кашлица.

Изговори „извинете“ и постојано ја ставаше десната рака на устата додека се обидуваше да продолжи понатаму, напиша „Дејли Меил“.

Британскиот таблоид шпекулира дека и покрај фактот што Русија има на располагање две вакцини, едната ја примила и ќерката на Путин, Катерина, но тој најверојатно не примил ниту една.

Последните месеци, тој остана во голема мера изолиран откако беше во контакт со заразени лекари во една московска клиника.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот