ВИДЕО | По двегодишна пауза, денеска повторно матурска парада на плоштад

Никола Глигоров

По двегодишна пауза поради пандемијата, Матурската парада денеска повторно ќе се одржи. Почетокот е закажан за во 12 часот, а покрај традиционалниот матурски „Квадрил“ ќе се игра и Салса. Присутните матуранти ќе ги поздрави градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, заменик амбасадорот на ЕУ Џулијан Васало и Деканот на универзитетот за туризам и менаџмент Сашко Драматниковски .

Директорот на дирекцијата за култура на Град Скопје, Никола Глигоров во Утрински брифинг рече дека оваа година на парадата ќе учествуваат околу 400 матуранти.

– Матурската парада е дел од еден поголем проект кој го нарековме „Мај – месец на матурантите“. Покрај матурската парада, ќе се случи и средба на градоначалничката Данела Арсовска со најдобрите матуранти. Официјалниот дел од програмата ќе започне во 11.45 минути. Точно во 12 часот ќе го преземеме сигналот од Радио Словенија, кој годинава се пренесува во шест држави, Словачка, Унгарија, Словенија, Србија, Црна Гора и Македонија, односно само во Скопје. Минатите години имавме учесници од цела држава и се надевам дека така ќе биде и во иднина, кога седум пати поставувавме Гинисов рекорд во истовремено синхронизирано танцување на еден ист танц, рече Глигоров.

На парадата за првпат ќе се сретнат матуранти од различни училишта, а за да бидат синхронизирани во танцот, тие ги вежбаа танците речиси два месеца во сите училишта одделно. Оваа година на матурската парада ќе учествуваат околу 400 матуранти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот