ВИДЕО: Пловечки дрон за првпат снимаше во срцето на еден ураган на отворено море

Снимка од пловечки дрон во ураган во Атлантикот / 30 септември 2021 / фото: NOAA/скриншот

Пловечки дрон управуван од научници неделава ги направи првите снимки од внатрешноста на еден ураган на отворено море, нудејќи за првпат увид во атмосферата во средиштето на ураган од четврта категорија во водите на Атлантикот.

Малото пловило на американската Национална администрација за океани и атмосфера (NOAA)направи фасцинантни снимки од силниот ветер од речиси 200 километри на час и 15-метарските бранови предизвикани од ураганот „Сем“.

Автоматизираното пловило долго седум метри е произведено од компанијата Saildrone и се напојува со користење на енергијата од ветерот. Дронот е дизајниран за работа во екстремни услови, а наменет е за собирање податоци кои треба да им помогнат на научниците во проучувањето на ураганите.

Видео на денот