ВИДЕО | Плоштадот „Македонија“ полн со донациите за загрозените од земјотресот во Турција

Давер Нуредин / Фото Слободен печат

Веднаш по катастрофалниот земјотрес кој ги погоди Турција и Сирија, на плоштадот „Македонија“ во Скопје беше поставен пункт за донации, каде граѓаните донираат за семејствата погодени од земјотресот.

Еден од иницијаторите кои го поставија пунктот на плоштадот, Давер Нуредин, во изјава за „Слободен печат“ рече дека е изненаден од бројот на донации кои ги оставаат граѓаните.

„Во рок од 24 часа добивме големо изненадување од нашите граѓани. Не очекувавме волку голема количина на помош“ изјави Нуредин.

Како што вели тој, луѓето најмногу испраќаат ќебиња, топла облека и храна.

„Неколку камиони ќе заминат и во останатите градови низ Македонија, како Битола, Прилеп и Штип. Оттаму се очекува тие да бидат испратени за Турција“ изјави организаторот.

Денеска се очекува првиот камион да биде испратен во Турција, а се очекува таму да пристигне за 2 до 3 дена, раскажа тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот