ВИДЕО | Пленковиќ: Србија може да добие каква сака нафта, но не и руска

Андреј Пленковиќ / Фото EPA-EFE/GEERT VANDEN WIJNGAERT

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ изјави дека ги видел прилично бурните и непромислени реакции на Србија, а особено на медиумите, на наводите дека Србија на барање на Хрватска не е изземена од одлуките за увоз на нафта преку ЈАНАФ.

– Во последните три месеци станав поглавар усташ во Србија. Сега од таблоидите преминавме на посериозните медиуми под наводници – изјави денеска во Прага Андреј Пленковиќ.

Тој додаде дека работите треба да се кажат онакви какви што се.

– Прво, се што беше усвоено на ниво на ЕУ е усвоено заедно, тоа е ставот на сите членки на ЕУ. Второ, Србија во овие околности не може да седи на две столчиња. Србија не може да биде земја која доаѓа овде и зборува за европската перспектива и очекува големи чекори напред, а не почитува ниту една санкција против Русија – рече хрватскиот премиер.

Тој вели дека Србија преку Јадранскиот гасовод може да испорача се што сака нафта, освен руска нафта.

На новинарско прашање дали Вучиќ побарал од него билатерална средба, „со оглед на тоа што ја обвини Хрватска“, тој рече дека ја нема таа информација.

– Секогаш го прават тоа, но нека прашаат малку подобро. Имаше многу земји кои не видоа потреба од отстапување – додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот