ВИДЕО | Пленковиќ од Киев : „Крим е Украина“

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ/ Фото: Архива на Слободен Печат

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска учествуваше на Првичниот самит на Кримската платформа во Киев, која ја претставува украинскиот претседател Владимир Зеленски. 

Пленковиќ заедно со колегите се обрати на украински јазик, а својот говор го заврши со зборовите „Крим е Украина“, пренесува Индекс. 

„Денеска сме со украинските пријатели и европските колеги за да испратиме силна порака и единствена поддршка за територијалниот суверенитет и интегритет на Украина. Крим е Украина“ изјави Пленковиќ.

Хрватска целосно го поддржува територијалниот интегритет на Украина и има специфични знаења со кои може да им помогне на Украинците во мирното реинтегрирање на окупираните подрачја, кажа хрватскиот премиер. 

САД и ЕУ од почетокот стојат со Украина во спорот со Русија за територијата на Крим. Овој долгогодишен проблем и понатаму останува нерешен. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот