ВИДЕО: Пламените јазици три дена беснеат на Шара, проголтани 50 хектари шуми, најавените врнежи се решение

Фото: Слободен печат

Пламените јазици голтаат шуми во Националниот парк Шар Планина над селото Теарце, веќе три дена. Теренот е непристапен. Локацијата се наоѓа на околу два часа пешачење од село Теарце. Од установата „НП Шар Планина“, велат дека немаат ниту опрема, ниту доволно вработени за да интервенираат професионално, но и временските услови го отежнуваат гасењето.

„Нашите проценки се дека се изгорени над 50 хектари површина од кои една третина е шума, а другото е папрат и високопланински пасишта. Се работи за терен кој е тешко пристапен и претходно опожарувана површина, каде има многу дрвна маса оштетена претходно, најверојатно од бесправни сечи и тоа е потенцијал за брзо да гори. За кратко време да се прошири пожар во јануари е навистина ретка појава на Шара. Во моментов „Национален парк Шар Планина“, располага со минумум ресурси, минимален човечки кадар и сме приморани за жал морам да кажам да импровизираме со опрема. Потребна ни е подршка во опрема, за да можат нашите луѓе брзо да интервенираат , изјави Анела Панајотова, Раководител на одделението за заштита на природата при „НП Национален парк Шар Планина“.

Поради густата магла, екипата на Националниот парк денеска е повлечена од локацијата која гори. Спасот го гледаме во најавените дождови, оти и авионите канадари не можат да интервенираат поради ниските температури.

„Благодарени на ДСЗ вчера интервенираше и авион канадер, но условите беа такви да брзо да падне температурата бидејќи ветерот се засили и немаше услови да направи уште еден прелет изгасна само една страна од пожарот, наша екипа изгасна уште една страна , но преку ноќ продолжи да гори и пожарот уште гори и не се знае на колку страни, оти нема видливост доволна, оти има магла. Не инфомираше пилотот дека е потребно миниум 5 степени за да може авионот да биде активен, будејќи водата замрзнува и затоа не можеше повеќе прелети да се направат, така да чекаме прирадата да ни помогне, рече Анела Панајотова Раководител на одделение за заштита на природата при „Национален парк Шар Планина“.

Временските прогнози најавуваат дожд во западна Македонија, кој е единствениот спас Шара да се спаси од соголување на шумската површина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот