ВИДЕО | Пљаковска Аспровска: Македонија е безбедно место за е-трговија

Кога пред повеќе од 40 години беше извршена првата е-трансација во светот, никој не претпоставуваше дека тоа ќе стане иднината во трговијата. Според податоците на НБРСМ е-трговијата, во услови на пандемија е зголемена за 20% . Главниот аспект е заштитата. Можно ли е да се пробиваат алатките за плаќање и колку е се тоа сигурно.

-Е-трговијата доживува енормен раст. Компанијата каде што работам и како технички провајдер ги преземаме сите мерки да ги увериме граѓаните дека е-трговијата е безбедна. Подлежиме на лиценцирање и сертификација што е важно од глобален стандард за заштита од податоци од доменот на платежната индустрија, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Филомена Пљаковска Аспровска, главен извршен директор на Касис АД Скопје.

-Само кај нас функционираат повеќе од 1000 трговци. Сè уште официјално ја немаме статистиката. Она што мора да го кажам повторно е дека ние исполнуваме глобални светски стандарди. Тоа што познатите светски брендови го исполнуваат потребно е и ние да го имаме. Морам да напоменам дека пропорцијата е обратна имаме 60-70% продажба кај македонските е-продавници, за разлика од странските- вели Филомена Пљаковска Аспровска.

-Со континуирана едукација и сесии организирани од нас како експерти за едно со банките и сите што се занимаваат со сајбер безбедност треба луѓето да ги приближиме до бенефитот од е-трговијата, вели Пљаковска Аспровска и вели дека секој оној што сака да направи е-трговија потребно е да побара од банката да добие смс известување што би било јасен сигнал дека плаќањето е безбедно.

Целиот разговор со главниот извршен директор на Касис АД Скопје, Филомена Пљаковска Аспровска, погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот