ВИДЕО: Плачат навивачите на Барса, а Меси е веќе во преговори со ПСЖ

Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Лионел Меси ќе ја напушти Барселона откако клубот не беше во можност да го реализира новиот договор на фудбалерот, па така најновите информации велат дека ПСЖ е веќе во преговори со аргентинскиот напаѓач.

Шесткратниот освојувач на „Златната топка“ официјално ста слободен играч од 1 јули, откако не успеа да ги договори условите за продолжување на соработката пред неговиот претходен договор со Барселона да истече на 30 јуни.

Се очекуваше дека 34-годишниот фудбалер ќе потпише нов петгодишен договор со каталонскиот клуб, со што неговата плата би била намалена за 50 проценти.

Но, оваа понуда Барса не може да ја исполни поради „финансиски и структурни пречки“, а „Скај Италија“ објави дека ПСЖ се надева дека ќе го убеди Меси да се пресели во Париз каде што е и неговиот поранешен клупски колега од Барса и голем пријател, Нејмар.

Меси и натаму сака освојува трофеи и да биде дел од победнички проект, а францускиот гигант може да му го понуди сето тоа.

Официјално: Шок на Камп Ноу, Лионел Меси и дефинитивно ќе ја напушти Барселона!

Тука е и неговото блиско пријателство со Нејмар и нивната желба да играат повторно заедно овојпат во ПСЖ кој има долгогодишна желба да го ангажира играчот, што досега изгледаше речиси невозможно.

Меси ја помина целата своја кариера во Барселона, поминувајќи низ академијата на клубот, пред да постигне 672 гола во 778 натпревари, откако дебитираше за првиот тим во 2003 година.

Навивачите на Барса не можеа да поверуваат на вчерашното соопштение на каталонскиот клуб за официјалната разделба со Меси кој остави голема трага во фудбалскиот свет. Еден од фановите плачеше пред стадионот на Барселона..

ВИДЕО: За сите времиња – мајсториите на неповторливиот, фудбалскиот „магионичар“ Лео Меси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот