ВИДЕО| Писмо до Мерилин Менсон: „Се надевам дека ќе ја измамиш секоја глупава девојка и ќе ја натераш да помисли дека има „златен картон“!

Музичарот Мерилин Менсон беше обвинет од многу жени за злоставување откако неговата поранешна свршеница, актерката Еван Рејчел Вуд прва прозборе пред јавноста за траумите кои ги доживеала додека биле во љубовна врска. По неа многу жени го пријавиле и обвиниле рокерот за физичко, психолошко и сексуално злоставување додека биле во врска со него.

Пред неколку години, Мерилин прочитал писмо од негова поранешна девојка на нејговиот концерт во Чикаго, во кое можеше да се види неговата „мрачна страна“, пишуваат странските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marilyn Manson (@marilynmanson)

Во 2015 година, пејачот им соопшти на обожавателите дека неговите девојки не се задоволни од врската и дека не им се допаѓа неговото однесување.

Дејли Меил го објави видеото и содржината на писмото што го прочитал таа година на неговиот концерт во Чикаго.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marilyn Manson (@marilynmanson)

Не можеше да ме погледнеш ниту во очи затоа што беше пијан, е само почетокот на писмото кое Мерлин започнал да го чита пред неговата публика додавајќи дека содржината се однесува на него и продолжил:

Се надевам дека ќе ја измамиш секоја глупава девојка и ќе ја натераш да помисли дека има „златен картон“.

Не е познато која девојка го напишала писмото, но познато е дека досега се појавиле барем десетина жени кои го обвиниле Менсон за физичко, психолошко и сексуално злоставување додека биле во врска со него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marilyn Manson (@marilynmanson)

Сведоштвата се разликуваат, но најчесто се посочува физичко насилство, дел од изјавите се дека тој не им дозволувал да спијат, дека ги дрогирал и ги присилувал на разни ужасни работи и дека наводно им се заканувал и со оружје

 

Поврзани вести

Кралицата Елизабета никогаш не открива што сака најмногу да јаде: Има една многу добра причина за тоа!

Слободен печат

ВИДЕО | Новиот хит на „Coldplay“ прв го слушна астронаутот Томас Пескет: Концерт за една личност

Милена Ри

ФОТО | Верна на својот стил: Брижит Макрон во палто кое одлично им прилега на русокосите!

Слободен печат

Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

Слободен Печат

ВИДЕО | Ова попладне вкусете ја најчоколадната торта во светот: Сега знаеме каков вкус има чистото совршенство!

Слободен печат

Бизарни брачни закони: Во Хонгконг можете да го убиете партнерот доколку изврши прељуба, а во Јута можете да стапите во брак со вашиот братучед

Слободен печат

Остави Коментар