ВИДЕО: Пијани работници, паѓаат од комунално комбе во Хрватска

Видеото на работници од комуналното претпријатие „Запрешиќ“, „Водопскрба и одвод“ што се појави на социјалните мрежи, ја шокира Хрватска.

Видеото, кое се шири на социјалните мрежи последните неколку дена, покажува како комуналните работници од Запрешиќ паѓаат мртви пијани од службеното комбе и немаат сила да станат. Тие се онесвестиле од алкохол.

Снимката била направена на 12 ноември на депонијата во Запрешиќ.

Се појавил уште еден подолг клип што го споделува WhatsApp.Дури и лицето зад камерата не звучи многу трезно.

Директорот Мајчен досега бил поврзан со низа скандали, набавки на луксузно возило за себе , а го вработил и половина од семејството во градското комунално претпријатие, пишуваат хрватските медиуми.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот