ВИДЕО | Петта победа по ред: Македонецот Славевски ќе се бори за шампионски појас!

Фото:gogo_braveheart/Instagram

Македонецот Горјан Гого Славевски веќе подолго време се натпреварува во боречки вештини и изминатата ноќ дојде до петтата победа по ред во БКФЦ серијата (бокс со голи раце).

Славевски го нокаутираше Јосденис Чедено од Куба. Стануваше збор за борба која беше елиминаторска со што победникот доби шанса да се бори за титулата во валтер категорија. Тоа значи дека шестиот дуел за Славевски ќе биде борба за престижниот појас.

„Македонски народе, одиме по светска титула“, извикуваше Гого на македонски јазик по големата победа во преполната арена.

Со години наназад Славевски живее и тренира во Мајами, а со бокс се занимава од 17 години кога почнал да ја претставува Македонија на регионална сцена.

Борбата на Славевски е на 04:48:00 од видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот