ВИДЕО | Петрушевска: Амандманите кои ги поднесува ВМРО-ДПМНЕ се во насока на рационално менаџирање на буџетот

Марија Петрушевска, претседавач на собраниска буџетска комисија
Марија Петрушевска, претседавач на собраниска буџетска комисија / Утрински брифинг

Најновата слика од парламентот вели дека политичките сили во парламентот се изедначени. Како тоа ќе се отслика и во работењето на собраниските Комисии?

Денес е денот Д кога собраниската Комисија за буџетирање ќе го отпочне првиот од вкупно десет дена од „чешлањето“ на Законот за носењето на буџет и ќе се види како ќе тече текот на читањето на овој закон. На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со Марија Петрушевска, претседавач на собраниска буџетска комисија.

-Очекуваме Комисијата да започне со работа денес. Во однос на присуството на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ние сме подготвени, како за општиот претрес така и за амандманите, во однос на присуството на останатите колеги не можам да ви одговорам, изјави Петрушевска.

-Немам сознание дали Кастриот Реџепи ќе присуствува во Комисијата. Се надевам дека е во добро здравје и дека ќе учествува во работата на Комисијата, вели Петрушевска.

-Бројката на поднесени амандмани во мементот е околу 220, од кои што 194 се од ВМРО-ДПМНЕ. Очекувам една убава демократска дебата во деновите кои што претстојат. Амандманите се насочени кон подобрување на самиот буџет, додава Петрушевска.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот