ВИДЕО | Петровска: Опозицијата под влијание на својот лидер проблемите ги решава на лидерски средби

Повторно се прибегнува кон решавање на проблемот на лидерска средба. Тоа е така најверојатно поради тоа што опозицијата е под силно влијание на својот лидер кој очигледно иако е надвор од Парламентот сака да ја диктира нивната работа овде во Собранието.

-Знаете дека блокадата настана меѓу другото покрај оние илјадници амандмани кои сите политички партии од опозицијата ги поднесуваа на различни закони па дури и на деловникот, конечно блокадата настана со отсуството на неколкумина пратеници од власта, од парламентарното мнозинство кои заради ковид -19 спречени се физички да учествуваат на седниците и со тоа не можевме да го усвоиме дневниот ред на седницата на која што беа и законите од економскиот пакет но и други навистина значајни закони важни за граѓаните, вели во УБ пратеничката од редовите на СДСМ, Славјанка Петровска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот