ВИДЕО | Петровска од Битола: Ги следиме насоките на здравствените власти, овој бран е потежок од претходните

Градоначалничката на Битола Наташа Петровска вели дека овој град не е ново жариште, но сериозна е здравствената слика на ниво на целата држава имајќи ги предвид анализите со заболените на ниво на целата држава.

-Општина Битола веќе две недели работи со поинаков режим – тоа значи работното време е организирано во две смени со пауза помеѓу едната и другата смена за да може и просториите да се адаптираат согласно со заштитните мерки, постојано ги следиме бројките кои што се регистрираат и во институциите кои што се под надлежност на општината, јавните претпријатија и училиштата, таму немаме алармантност што покажува дека нема соодветна организациона поставеност со заштитните мерки во рамките на работата која што се изведува и тоа го имаме низ статистика и бројки, вели Петровска во Утрински брифинг на Слободна ТВ.

Според неа факт е дека на ниво на општина бројот на заболени е зголемен и  најлошо е тоа тоа што пациентите се во критична состојба.

-Во споредба со претходните бранови на заразата кога реално имавме повисоки бројки на заболени пациенти, сега има повеќе пациенти на кои што им е потребна кислородна поддршка. Ценам дека Централниот кризен штаб од секогаш сериозно се поставувал и дека следејќи ги целокупните состојби верувам во нивните следни чекори кои што ќе ги преземат затоа што она што го правиме како општина е најправилно и она што тие како централен кризен штаб го даваат како насоки мислам дека е за респект, изјави во УБ градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот