ВИДЕО | Петровска: Данела Арсовска има и бугарска лична карта

Славјанка Петровска/ Фото: СДСМ

„Од вистината нема бегање. Веќе објавивме дека во 2011 година Арсовска се стекнала со бугарско државјанство за што постои и документ „Удостоверение“. Денеска пред јавноста објавуваме уште еден документ. Ова почитувани граѓани е личната карта на Арсовска издадена од бугарските власти. Бугарско државјанство, бугарска лична карта на Арсовска. Со номер, со дата на раждане, потпис, со адреса во градот Петрич која патем се уште е важечка. Оваа лична карта на Арсовска е издадена на петти мај 2017 година. Само една недела по крвавиот четврток, по крвавиот 27 април и насилниот упад во Собранието“, изјави Славјанка Петровска на денешната прес-конференција.

Таа упати прашање до Арсовска со каква намера и цел ја подигнала бугарската лична карта само неколку денови откако пропаднал обидот да се убијат пратеници и да се спречи демократска промена на власта.

„Арсовска може да се крие зад партиски соопштенија, а притоа да тврди дека е независна, но од вистината бегање нема“, рече Петровска.

Ништо не може да го сокрие фактот, додаде таа, дека таа освен што е конзул на Унгарија, освен што е потврдена инсталација на Груевски, поседува и бугарско државјанство и бугарска лична карта.

„Ваков потценувачки однос, вакви подметнувања не проаѓаат кај граѓаните на Скопје. Не проаѓа во Скопје странска инсталација која работи против интересите на граѓаните. Граѓаните на Скопје бираат градоначалник, а не кмет. В недела на 31 октомври да се обединиме и да не дозволиме странски инсталации поврзани со минатото, да добијат можност да го уништуваат Скопје”, изјави пратеничката од СДСМ.На денешната прес-конференција на СДСМ објавена беше фотографија од личната карта на Данела Арсовска издадена во Бугарија.

Според документот фотографијата може да се забележи дека документот е издаден на лицето Даниела Арсовска.

Вчера СДСМ објави инфомација дека Арсовска е државјанка и на Бугарија, ВМРО ДПМНЕ тоа го негираше, а Арсовска изјави дека „нема бугарски пасош“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот