ВИДЕО | Петровска: ЦО беше злоупотребен, детектирани сме како пучисти – само со обединување до посилен ДОМ пред локалните избори

ана петровска
Ана Петровска / Фото: Скриншот, Јутјуб

Состојбата на различни ставови, мислења и начинот на делување во нашата политичка партија започна уште минатото лето, кога после парламентарните избори нашата претседателка одеше на преговори сама и дел од Извршниот одбор работеше во тајност и не бевме информирани за текот на преговорите. Идејата беше да ме тргнат од раководно место во Министерството и таму да внесат друг човек. Во моментот имавме заменик министер од ДОМ, но не сум сигурна дека ја пренесува зелената идеологија на правилен начин, изјави во Утрински брифинг Ана Петровска, ДОМ.

Еден период имаше обид да не работам, да не го пренесам моето знаење и искуство. Сепак после извесни превирања јас дојдов во Државниот инспекторат за животна средина. Но од летото навака е разнишана довербата кај граѓаните и незадоволството кај граѓаните на терен постои. ЦО сме немале 13 месеци, токму заради тоа што имало различни ставовови на партијата. И тој ЦО наместо да се искористи за дијалог, беше злоупотребен да се внесат нови луѓе во Одборот, и ние се спротивставивме на таа работа, особено што тој ЦО беше организиран онлајн со електронска алатка со која не можевме да знаеме кој бил присутен и дали воопшто се гласало онака како се прикажа.

Петровска нагласува дека предлозите за ЦО порано оделе преку Општинските организации.

-Сега на некој начин се злоупотреби можноста преку Форум на жени да се вкучат нови членови во ЦО за да се прави опструкција на постојните организациони облици. Веднаш после тој ЦО кој траеше 10 часа, со уцени, закани за да се обезбеди кворум, се иницираше недоверба во мене. Детектирани сме како пучисти. Повеќе од пола членови на ЦО, тројца потпретседатели застанаа зад иницијативата бидејќи сметавме дека се потребни промени. Во статутот ние имаме овозможено различно мислење, далеку од диктатура, овозможено е и фракционерство кое реално сега постои, а сакавме да го легализираме преку копретседателство. Тоа беше идејата, вели Петровска.

-Претседателката и блиски нејзини луѓе одеа по Општинските организации да бараат моја смена. Аргументите беа дека без нас партијата ќе има поголема кохезија. Токму заради тоа рековме, ајде да седнеме, да разговораме да се обединиме и посилни да излеземе на локалните избори, додава Петровска. Јас се уште сум член на партија, без оглед што комуникацијата е нарушена. Мирослав Богдановски рече дека останува во коалицијата на парламентарно ниво и ќе ја претставува идејата на ДОМ, изјави Петровска.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

Видео на денот