ВИДЕО | Петра Селишкар: Филмот „Тело“ го работам 20 години

Европскиот фонд за копродукција и дистрибуција на креативни кинематографски и аудиовизуелни дела – Еуримаж финансиски го поддржа новиот документарен долгометражен филм „Тело“, кој е словенечко хрватско македонска копродукција на Петра Селишкар.

-Се работи за филм кој го снимаме веќе 20 години за една моја блиска другарка, Уршка, којашто 23 години се бори како хероина со многу различни автоимуни болести. Приказната почнува на Преспанско езеро кога таа плива кон Змискиот остров и кога всушност почнува нејзината болест, а ние тоа случајно го снимивме. Се работи за енцифалитис, кој по неколку денови се манифестира како кома и подолго време не се знаеше што и’ се случило. Таа се буди во Љубљана, во болница, нзнаејќи ниту која е, таа не знае ниту дека има ќерка и мора повторно да сфати која е, дека е пијанистка, таа исто така мораше да научи да оди, но она што цело време ја држи е нејзиниот хумор- вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Петра Селишкар, режисерка, продуцентка и една од основачите на фестивалот „Македокс“.

Нејзината борба не завршува, по неколку години, кога ја добива втората ќерка добива васкулитис на мозокот. Но и покрај сите нејзини проблеми, филмот е хумористичен, бидејќи единственото што ја држи е нејзиниот дух“, вели Петра Селишкар.

За успехот на нејзините проекти во европските фондови вели дека кога се конкурира треба точно да се знае за што е приказната, а темата да е темелно истражена, тоа е е клучниот фактор. Исто така, своја улога има и тоа што во проектите се вклучени доста меѓународни партнери, потоа присутноста на голем број фестивали, како и многу работа и во продукцијата, но и во развојот на темите и разработката на проектите.

Целиот разговор со Петра Селишкар, режисерка, продуцентка и една од основачите на фестивалот „Македокс“ проследете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот