ВИДЕО: Петмина исчезнати, 16 повредени во експлозијата што го стресе Леверкузен

EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Пет лица се исчезнати, а најмалку 16 се повредени, од кои двајца потешко во силната експлозија која го стресе индустрискиот парк во Леверкузен, град во западна Германија што предизвика голем облак црн чад.

Од граѓаните е побарано да останат во своите домови, а преку сирените и преку мобилната апликација на германската цивилна заштита ги предупреди за „екстремна опасност“.

Експлозијата се случи во 9.40 часот по локално време, предизвикувајќи пожар во складот за гориво во „Хемпарк“, индускиопт парк за хемиските компании, меѓу кои се и компанијата Баер и Лансес, соопшти од „Курента“, операторот на „Хемпаркот“, пренесува Ројтерс.

Повеќе од 30 компании работат на локацијата на „Хемпаркот“ во Леверкузен. Компанијата „Баер“ и „Ланксес“ во 2019 година ја продадоа „Курента“, операторот на тој парк на компанијата „Меквери инфрастрачр“ за 3,5 милијарди евра.

Се уште не е познато што е причината за експлозијата и пожарот по неа.

Неколку патишта во околината се затворени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот