ВИДЕО | Петковски од „Ајде Македонија“: Ме радува што кај граѓаните има интерес да донираат и да помогнат

„Ајде Македонија – Сите сити“ е граѓанска мрежа, која започна во 2011 година, кога различни граѓански организации низ Македонија се обединија заедно за да ја исчистат целата земја во еден ден.

Оттогаш, „Ајде Македонија“ го прошири овој модел и почна да работи на проблемот од коренот на причината – производителите на отпад, наместо само да се чистат ефектите од производството на отпад.

Гостин во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ беше Виктор Петковски кој изјави дека во моментов се подготвуваат пакети за оние за кои им е најпотребно.

-Нахрани 10.000 се организира два пати годишно. При тоа членките на нашата мрежа имаат поставено штандови пред маркетите низ цела држава за на граѓаните да им биде полесно да донираат. Ме радува што кај граѓаните има интерес да донираат и да помогнат онаму каде што е напотребно, вели Петковски.

„Сите сити“ создава систем со цел вишокот храна, кој сè уште е во добра состојба и e безбеден за употреба, да не заврши во депониите туку кај гладните. Мисијата на Асоцијацијата е да ја види Македонија како земја во која добрата храна не се фрла.

Целиот разговор проследете го во видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот