ВИДЕО | Петковски: Договорот Заев – Мицкоски е пред едно огромно минско поле кое што се нарекува Собрание – никој не може да очекува што и каде ќе експлодира

Се’ уште не мислам дека испишуваме историја. Направен е компромис за нешто што е многу важно, во многу важен момент, но сега договорот е пред едно огромонско минско поле кое што се нарекува Собрание на Република Северна Македонија. Никој не може да очекува што и каде ќе експлодира, изјави во Утрински брифинг лидерот на НСДП, Тито Петковски во врска со договорот Заев – Мицкоски.

Според него многу убаво прозвучи овој договор, но праксата покажува дека честопати кога ќе се пристапи кон реализација на еден политички договор таму има многу непознати, бидејќи, според него интересот е личен, партиски, групен, па дури тогаш државниот интерес или интересот на граѓаните.

-Македонија често пати пали на туркање. Не може да се потценува и интервенцијата на Палмер во оваа ситуација. Но убеден сум, тргнувајќи од она што двајцата го направија и сработија до сега, сепак во преден план е нивниот личен интерес. Зошто – затоа што и двајцата сфатија дека ѓаволот ја однесе шегата, дека работите отидоа предалеку, дека можат да излезат надвор од контрола и дека може да ги чини политичка кариера. Едноставно беа приморани да ги повлечат овие потези и сфатија дека ова е нивнат апоследна шанса да останат во политичкиот живот, додава Петковски.

Тој нагласува дека албанскиот политички фактор од опозицијата не е задоволен од договорот.

-Претпоставувам дека имало контакт помеѓу Заев и ДУИ, но за некои делови од тој договор како изборите и изборниот модел за ДУИ не одговора една изборна единица со отоврени листи и не знам тоа како ќе се одвива. Не сум сигурен дека ДУИ така лефтерно и лесно ќе поминат преку овој договор, особено што тие многу очекуваа од овој попис и вложија многу како политичари, смета Петковски.

Целиот разговор погледнете го видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот