ВИДЕО | Петгодишно девојче е спасено откако седум часа било заробено под урнатините

Заробено девојче во Турција/ Фото Јутуб принтскрин

Петгодишно девојче е спасено од урнатините откако седум часа по земјотресот била заробена, јавуваат турските медиуми.

Малата Ајше живеела со своите родители и брат во шесткатница во градот Кахраманмараш. Кога земјотресот ја погодил областа, зградата се урнала, а семејството останало заробено под урнатините.

Сите се живи. Мајката успеала да испрати групна порака преку социјалните мрежи и да повика помош. После тоа, голем број луѓе се упатиле кон урнатините да му помогнат на семејството.

Мајката, таткото и синот биле спасени рано наутро, но не било лесно да се дојде до девојчето Ајше. Родителите можеле да разговараат со неа, а таа во еден момент им рекла дека е добро.

ВИДЕО | Во Газиантеп се урна тврдина стара над 2 илјади години како последица на земјотресот

Стравувајќи од нови потреси, луѓето во неколку турски градови се кријат во своите автомобили

Седум часа подоцна, малото девојче било извлечено од урнатините. Ја ставиле на носилка и ја однеле во болница. Според локалните медиуми, таа цврсто го држела за рака својот татко цело време додека ја носеле во амбулантното возило.

„Со свои раце ископавме за да ги извлечеме мајката, таткото и синот. Истото го направивме и за малата Ајше. Успеавме да ја ископаме. Штом слушнав што се случи, влеговме во автомобилот и побрзавме тука“, рече колешка на мајката на Ајше.

ВИДЕО | Моментот кога вториот земјотрес ја стресе Турција снимен во живо на телевизија

„Баба ми е заробена во зградата“: Турските ѕвезди се огласија за земјотресот, бараат помош

ВИДЕО | Моментот кога се урна станбена зграда во Турција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот