ВИДЕО: „Петарда“ на Лидс, Алиоски со првиот гол во Премиер лигата!

Фото: EPA-EFE/Tim Keeton/POOL

Во 13 коло од Премиер лигата составот на Лидс на својот „Иланд роуд“ триумфираше убедливо над Њукасл со конечен резултат 5:2.

И на овој меч од првата минута кај домаќините стартуваше македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски кој ја одигра целата средба и воедно прослави со неговиот прв гол сезонава за Лидс во Премиер лигата.

Тоа се случи во 85 минута после асистенцијата на Хернандез за водство на домашната екипа од 4:2.

За тимот на Биелса во листата на стрелците се запишаа уште Бамфорд, Родриго, Далас и Херисон, а на спротивната страна погодоците беа дело на Хендрик и Кларк.

Важни три бода за Лидс после двата порази од Челси и Вест Хем, моментно е на 13 место со 17 бодови и во наредното коло ќе игра против Манчестер јунајтед на 20 декември на „Олд Трафорд“.

Вечерва се одиграа уште два меча, Евертон славеше на гостувањето кај Лестер (0:2), а Арсенал ги продолжува очајните настапи играјќи само реми (1:1) дома против Саутемптон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот