ВИДЕО: Петарда на Барселона, нов рекорд на Меси

Фото: EPA-EFE/Andreu Dalmau

Барселона ја забележа седмата победа по ред во Ла Лига, откако во 23. коло со убедливи 5:1 го совлада Алавес.

Натпреварот го одбележа најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси кој го одигра 505. натпревар во шпанското првенство со што го израмни рекордот на легендарниот капитен на „каталонците“, Чави Ернандез.


Аргентинецот јубилејот го одбележа со два постигнати гола.
Очекувано, Барселона доминираше на „Камп Ноу“, го имаше поседот на топката, а упати и 17. шута кон голот на Алавес.

Резултатот го отвори Тринкао во 29. минута, а седум минути подоцна прецизен беше и Меси но неговиот гол беше поништен поради офсајд. Сепак, во првата минута од продолжението Меси погоди и зголеми на 2:0. Алавес на стартот од второто полувреме намали на 2:1 преку Риоха, но Барселона одговори со три гола до крајот на натпреварот и тоа преку Тринкао, меси и Фирпо.
По победата Барселона има 46 бода и е втора на табелата со осум бодови помалку од лидерот Атлетико Мадрид кој има и натпревар помалку.

Резултати:
Гранада – Атлетико Мадрид 1:2
Севиља – Хуеска 1:0
Еибар – Ваљадолид 1:1
Барселона – Алавес 5:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот