ВИДЕО | Петар Грашо на концерт гризнал обожавателка за нога

На популарната социјална мрежа ТикТок се појави кратко видео од хрватскиот пејач Петар Грашо како се обидува да гризне една негова обожавателка за нога, веројатно по нејзина желба.
View this post on Instagram
Не е познато кога е направена оваа снимка ниту за кој концерт се работи. Многумина се прашуваа што ја предизвикало оваа ситуација помеѓу пејачот и обожавателката.
„Боже, што правиш Грашо?“, „Зошто си го направил ова?“, „Страшно“, „Веројатно некој загриз што ќе го истетовира“, се само дел од коментарите кои корисниците на ТикТок ги напишаа под објавата.
Видеото од необичната глетка брзо стана вирална сензација, но личноста која ја објавила набрзо ја отстранила објавата и повеќе не може да се најде на ТикТок, каде што првично беше споделена. Некои од корисниците на социјалната мрежа го зачувале популарното видео и сега е објавено на ЈуТјуб.
Петар Грашо закажал настап на денот на породувањето на сопругата: Кој е коментарот на Хана?