ВИДЕО: Перо Антиќ: Доколку не им се допаѓам на клубовите, ќе си заминам

фото: kfsm.mk

Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија (КФСМ), Перо Антиќ во интервју за „Жешко столче“ зборуваше за актуелните состојби во мак баскетот, но и за можноста да си замине од челната позиција во КФСМ.

Дел од клубовите, меѓу кои најгласен е МЗТ Скопје е во „војна на зборови“ со Антиќ поради случувањата во македонската кошаркарка, а сето тоа започна со непрогласувањето за шампион за минатата сезона. Исто така Антиќ е на удар за доцниот старт на актуелната сезона, но и за несупехот на  репрезентацијата да обезбеди пласман на ЕП 2022 година. Антиќ на овие теми како и за можноста да си замине од претседателската функција во КФСМ, зборуваше во емисијата „Жешко столче“.

Едноставно кога знаеш дека донесуваш правилни одлуки, за доброто на кошарката, а не за себе не те допира ништо. Ми фали тоа да се конфронтирам, расправам и објаснувам, тоа беше мое размислување порано, но не гледам во тоа добивка. Се работи за национален интерес за кошарката и сакаме да ги искористиме сите наши врски на најдобар можен начин за да се извадат нови кошаркари, нови млади. Одиме само напред и не ги гледаме негативните коментари поради тоа што тие имаат, колку што знам јас еден лајк, еден „шер“ и на луѓето им е преку глава веќе од тоа. Кај нас е „дежа-ву“, сите се тренери, сите се директори, се и сешто. Четиригодишен е мандатот, но воопшто не ми е важно. Ако не им се допаѓа на работењето, условите нека донесат подобар слободно. Ниту сум врзан за таа функција, ниту било кој треба да биде врзан за функција. Треба да биде врзан за доброто на кошарката, ако не им годи јас ќе најдам нов предизвик. Тоа е најмал проблем. Со најпозитвно сеќавање би излегол од таму. Клубовите одлучуваат, здруженијата, па ако не им се допаѓа прв ќе си отидам – вели меѓу другото Антиќ кој дополнува дека и покрај неуспехот во квалификациите, Македонија има светла иднина.
Има многу иднина во македонската кошарка, многу нови деца, многу таленти, но едноставно мора да се поправат многу работи на индивидуален план, пред се кај клубовите. Ние како федерација пробуваме да ги донесеме тие новитети за децата да останат во кошарката.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот