ВИДЕО: Перез ги искористи проблемите на Хамилтон и Ферстапен за триумф во Баку!

Серхио Перез врза за „Ред Бул“ до 2024 година/Фото: EPA-EFE/Maxim Shemetov / POOL

Возачот на „Ред Бул“, Серхио Перез триумфираше денеска во трката за Големата награда на Азербејџан во Формула 1.

Мексиканецот ги искористи проблемите на Луис Хамилтон и малерот Макс Ферстапен (му пукна гума на два круга пред крајот), кога трката беше прекината, и дојде до вториот триумф во кариерата.

После рестартот Хамилтон го престина Париз, но изненадувачки направи грешка со губење на контролата на болидот.

Второто место го освои Себастијан Фетел на „Астон Мартин“, а на третата позиција се најде Пјер Гасли од редовите на „Алфа Таури“.

Ферстапен остана лидер со 105 бодови, Хамилтон има четири помалку, а Перез е сега третопласиран со 69.

Следната трка во оваа Ф1 сезона ќе се вози во Франција на 20 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот