ВИДЕО: Пентагон потврди, објавената снимка со НЛО е вистинска

Министерството за одбрана на САД потврди дека снимките и фотографиите што се појавија во јавноста овие денови и на страниците што ги следат појавите на неидентификувани летечки предмети – НЛО се автентични и дека биле забележани од екипажот на бродот „Расел“ на крабрежјето на Сан Диего во јули 2019 година.

– Можам да потврдам дека споменатите фотографии и видеа се снимени од припадници на морнарицата – изјави за СиБиЕс Њуз портпаролката на Пентагон, Сју Гаф.

Таа истакна дека со цел да се одржи безбедноста и да се избегне откривање на информации што можат да бидат од корист за потенцијалните непријатели, Министерството за одбрана не разговара јавно за деталите за своите набудувања или истрагите на различните појави снимени во воздушниот простор, вклучувајќи ги и овие упади обележани како неидентификувани воздушни феномени.

Гаф исто така рече дека Министерството за одбрана формира Работна група за НЛО, која се занимава со проучување на видеа како овие и други необјаснети феномени и дека телото ги вклучило овие инциденти во тековните истраги.

Во декември, законот за финансирање беше донесен на Конгресот, кој вклучува директива до директорот на Националната агенција за разузнавање и Министерството за одбрана да објават извештај за ваквите појави во следните шест месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот