ВИДЕО | Пендаровски се обрати на знаковен јазик: Да помогнеме да ги премостат бариерите во комуникацијата со институциите

Стево Пендаровски / Фото: Скриншот

Да им овозможиме непречен пристап до знаковниот јазик и услугите на знаковен јазик на сите наши глуви и наглуви сограѓани, порача преку знаковен јазик шефот на државата Стево Пендаровски, честитајќи го Меѓународниот ден за знаковниот јазик на сите глуви и наглуви граѓани.

– Да помогнеме да ги премостат бариерите со кои се соочуваат во комуникацијата со институциите. Да не заостануваме зад светот во унапредување на знаковните јазици како дел од јазичната и културната разновидност, напиша на Фејсбук претседателот Пендаровски.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот