ВИДЕО| Пендаровски: Неспорна е релацијата меѓу аерозагадувањето и пандемијата

Стево Пендаровски Фото: Кабинет на претседател

Претседателот на државата Стево Пендаровски по денешната седница на Советот за безбедност најави дека до крајот на годинава ќе се организира дебата за аерозагадувањето, во присуство на сите членови на Советот за  безбедност, плус други лица надвор од постојаниот состав, бидејќи е неспорна релацијата, како што рече, меѓу аерозагадувањето и пандемијата.

– Ќе видиме што во тој момент можеме, некакви пофокусирани мерки и активности од страна на Владата да се адресира посебно тоа прашање, изјави Пендаровски.

Во однос на аерозагадувањето, министерот за здравство Венко Филипче наведувајќи дека опозицијата протестира против лошо менаџирање на пандемијата без маски и против загадувањето со возила, нагласи дека оваа Влада направи нешто што ниту една друга досега не направила.

– Огромна инвестиција за чист воздух, клима инвертори, во гасификацијата на здравствените објекти, и мислам дека и со конкретни чекори покажавме како го третираме тој проблем. Точно е дека има публикации кои укажуваат на тоа дека ПМ10 честичките овозможуваат поголема трансмисија на вирусот и во таа смисла е препораката донесена вчера со измената на Законот за задолжително носење маски на отворено, насекаде, прво заради тоа што е битно секој да го штити своето здравјето, да се штити од настинки, заради тоа ни се многу битни болничките капацитети, изјави меѓу другото министерот Филипче.

Претседателот Пендаровски потсети дека лани првпат имавме на седница на Совет за безбедност дебата за аерозагадувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот