ВИДЕО: Пеколни сцени во Турција, горат гасоводи и пристаништа по разорниот земјотрес

На социјалните мрежи се појавија снимки од гасовод што гори во провинцијата Хатај на југот на Турција по разорните земјотреси кои однесоа над 3.000 животи.
Fires along gas pipelines apparently triggered by quake
"Natural gas pipelines in Amik plain in Hatay burst with the force of the earthquake. Fire spread to the fields."#TurkeyEarthquake #TurkeyNaturalGas #HatayBurst pic.twitter.com/q2KnIDypgY
— BCSK News (@bcsk_sanjeev) February 6, 2023
Властите соопштија дека главниот нафтовод во земајта, кој ја поврзува Турција со Киркук во Ирак, не е оштетен, но протокот на нафта бил запрен поради стравувањата од можни пукнатини кои би се отвориле подоцна.
Турскиот министер за енергетика, Фатих Донмез, утрово изјави дека во земјотресот сериозно е оштетена енергетската инфраструктура и дека сѐ уште се прави попис на оштетените објекти и преносни системи.
Голем пожар, кој во меѓувреме е локализиран, изби во контејнерите во пристаништето во јужниот турски град Искендерун, исто така во провинцијата Хатај, близу границата со Сирија. Според министерот Донмез, голема штета, посебно во северните делови од земјата, има кај линиите за пренос и дистрибуција на електрична енергија и на природен гас.
Екипи работат на оспособување на инфраструктурата, а во меѓувреме се можни исклучувања на струјата во најпогодените градови и области, соопштија властите.