ВИДЕО | Пеколна ноќ на Сардинија: Катастрофа, и сѐ уште не е завршено, стравуваме од најлошото

Фото Архива

За пеколна ноќ известуваат италијанските медиуми во врска со големиот пожар што синоќа зафати неколку места на островот Сардинија, во близина на местото Сасари.

Според Анса, илјадници луѓе, локални жители и туристи, веќе се евакуирани.

Во областите погодени од пожарот, небото е покриено со пепел, а воздухот е полн со чад.

Огнената стихија веќе уништи хектари шума и вегетација и опасно се приближува до населените места.

– Трагичен ден за нашиот остров. Две жаришта се уште се активни, известува локалната противпожарна агенција „Форестас“.

Градоначалникот на Ористанезе, една од општините погодени од пожарот, Салваторе Корис, на својот Фејсбук профил, заедно со слики од огромниот пожар, напиша: „Катастрофа, и сѐ уште не е завршена, се плашиме од најлошото”.

Деновиве има многу високи температури на Сардинија, над 35 степени, но сѐ уште не е јасно дали пожарот е последица на високите температури, небрежност или е подметнат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот