ВИДЕО: Пејачка се соблече и ги покажа градите во ТВ-програма во живо, ги шокираше сите во студиото

Ниурка Маркос
Фото: Принтскрин / Јутјуб

Познатата мексиканска пејачка и актерка Ниурка Маркос ги шокираше сите гости во шоуто „De Primera Mano“, откако реши да се соблече и да ги покаже градите преку видео повик.

Од режијата имаше брза реакција, а водителот Густав Адолфо Инфанте им се извини на гледачите на крајот од шоуто. Тој додаде дека никогаш не му паднало на памет дека би можело да се случи вакво нешто во неговото шоу.

Инаку, 53-годишната пејачка неодамна раскажа за нејзиниот одмор на познатата нудистичка плажа Зиполит во Мексико.

Имено, таму се фотографирала топлес, со што се пофали и на социјалните мрежи. Но, сепак, фотографиите морала да ги цензурира пред да ги сподели со своите бројни обожаватели.

Ниурка е позната во јавноста по учеството на реалното шоу „Големиот брат Мексико“ во 2004 година, а зад себе има три брака и три деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот