ВИДЕО: Патник кој падна од крузер во Мексиканскиот залив пронајден жив по 15 часа во море

Спасен патник кој падна од крузер во Мексиканскиот залив/Фото: Скриншот

Патник кој исчезна од брод за крстарење во Мексиканскиот залив е спасен откако поминал повеќе од 15 часа на море, соопшти американската крајбрежна стража, пренесува Би-би-си.

28-годишниот маж бил во барот на Carnival Valor со својата сестра во средата вечерта, но не се вратил откако отишол во тоалет.

Неколку спасувачки тимови ја пребараа областа и мажот конечно беше забележан во четвртокот вечерта, на околу 20 милји (30 километри) од брегот на Луизијана. Велат дека е во стабилна состојба.

„Никогаш не сум видел такво нешто во мојата кариера“

Потполковник на американската крајбрежна стража изјави дека патникот бил во вода повеќе од 15 часа, што е најдолго за што слушнал и тој го смета за чудо. Во изјава за Си-Ен-Ен, тој рече дека никогаш не видел нешто слично во неговата 17-годишна кариера. „Среќниот исход покажува дека волјата за живот мора да се земе предвид при секое пребарување и секое спасување“, додаде тој.

Се уште не е јасно како патникот паднал во водата од бродот за крстарење.

Би-Би-Си потсетува дека во 2018 година, 46-годишна Британка била спасена 10 часа откако паднала од брод за крстарење во Јадранското Море. Тогаш се пишуваше како му рекла на спасувачот дека тоа и помогнало да биде во форма, да прави јога и да престане да чувствува студ во водата – пеела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот