
ВИДЕО | Партизан влегува во ритам: „Црно-белите“ ја „смрзнаа“ и Олимпија „минус 20“
Кошаркарите на Партизан по одличното издание и победата од 31 разлика во минатото коло против Асвел вечерва беа убедливи и против Олимпија Милано со победа од 70:90.
Препорачано
Тимот на Олимпија во своите редови има многу повредени кошаркари меѓу кои е и македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, па со таков ростер не успеа да се спротистави на расположениот белградски гигант.
Олимпија парираше само во првото полувреме по кое имаше и предност од 40:37, но вториот дел во целост им припадна на избраниците на Жељко Обрадовиќ.
Стивен Браун беше најдобриот стрелец на натпреварот со 26 поени пред Карлик Џонс кој уфрли 24, додека за италијанскиот состав Никола Миротиќ и Шевон Шилдс запишаа по 16 поени.
👏 Partizan taraftarları, takımları için Olimpia Milano deplasmanını iç saha maçına çevirdi.pic.twitter.com/PpHQ3PbrOP
— Eurohoops Türkiye (@EurohoopsTR) January 16, 2025
Партизан по овој триумф дојде до 12. позиција и ќе се надева дека со добрата форма може да дојде барем до 10-тата која обезбедува бараж за четвртфиналето. На таа 10-та позиција е токму Олимпија Милано.
Париз беше подобар од Макаби со 96:83, а повторно одлично издание имаше македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс кој средбата ја заврши со дабл-дабл од 11 поени, пет скокови и 14 асистенции.
На останатите две средби, Асвел по продолженија дома славеше над Алба Берлин со 96:89, а Олимпијакос на гости во Мадрид ги изненади „кралевите“.