ВИДЕО: Партизан убедливо славеше над Цибона во АБА лигата

Белградски Партизан лесно до бодовите во Загреб/фото: Cibona/Marin Susic

Кошаркарите на Партизан во Загреб убедливо со 81:105 триумфираше над Цибона во првото коло од новата сезона во АБА лигата.

За српската екипа најефикасни беа Пантер, Трифуновиќ и Вукчевиќ со по 14 поени.

На спротивната страна за хрватскиот состав Љубичиќ реализираше 19 поени, а Малешевиќ постигна 10.

Белградските „црно-бели“ освен во регионалното натпреварување, сезонава ќе настапува и во Евролигата, в петок ќе игра против Алба во Германија.

Во следното коло Партизан на 10 октомври во СЦ „Јане Сандански“ ќе му гостува на МЗТ Скопје Аеродром кој на стартот загуби од актуелниот шампион Црвена звезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот