ВИДЕО: Партизан израмни против Црвена звезда, „мајсторка“ решава за АБА титулата

КК Партизан повторно е дел од евролигашката елита/Фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Кошаркарите на Партизан вечерва ја совладаа Црвена звезда со убедлив резултат 112:84 и израмнија на 2:2 во финалната серија од АБА лигата.

Освен во воведните минути од натпреварот, каде Звезда беше нешто подобар ривал и кога имаше осум поени предност (22:14), остатокот од мечот целосно му припадна на Партизан.

Екипата на Жељко Обрадовиќ поведе на крајот од првиот дел, по што имаше осум разлика (35:27), а и во вториот дел беа расположени домаќините.

Партизан погодуваше скоро од сите позиции, а по 20 минути игра беа неверојатни 68:43 во корист на „црно-белите“.

Партизан во продолжението од натпреварот ја одржуваше стекнатата предност. По три четвртини, на семафорот беше „плус 25“, 88:63, а нешто подоцна разликата надмина и над 30 коша.

Алекса Аврамовиќ го предводеше Партизан со 24 поени, а Матијас Лесорт додаде 19. Кај Звезда најефикасен беше Остин Холинс со 19 поени.

Одлуката за шампионот во АБА лигата ќе го дознаеме в понеделник (20.00 часот) во петтиот решавачки меч пред навивачите на Црвена звезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот