ВИДЕО: Партизан го освои Келн, радост и за Спировски во Лигата на конференции

Голема победа за белградски Партизан во Лигата на конференции/Келн, Германија/6 октомври 2022/фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Се комплетираше третото коло во Лигата на конференции, белградски Партизан во рамките од групата „Д“ ја запиша првата победа остварена на гостувањето кај Келн во Германија (0:1).

Стрелец на единствениот гол за српската екипа беше Марковиќ кој највисоко скокна во осмата минута по изведениот слободен удар на Натхо. На табелата првото место го делат Партизан и Ница со по пет бодови, четири има Келн, а еден Словачко.

Пјуник Ереван дојде и до вториот триумф во групата „Х“ откако на домашен терен со 2:0 славеше против литванскиот Жалгирис. За ерменскиот претставник од 86 минута настапи македонскиот репрезентативец Стефан Спировски. Стрелци на головите беа Жунињо во 43 и Отубанџо во 61 минута.

Во истата група Базел изненадувачки загуби дома од Слован Братислава со 0:2. На табелата по шест бодови имаат Базел и Пјуник Ереван, четири Слован Братислава, а еден Жалгирис.

Лига на конференции

Трето коло, резултати –

Андерлехт – Вест хем 0:1
Днипро – Вадуц 2:2
Лех Познањ – Х. Беер Шева 0:0
Молде – Шамрок роверс 3:0
Пјуник Ереван – Жалгирис 2:0
Силкеборг – ФЦСБ 5:0
Сиваспор – Балкани 3:4
Словачко – Ница 0:1

АЗ Алкмаар – Аполон 3:2
Базел – Слован Братислава 0:2
Келн – Партизан 0:1
Гент – Дјургарден 0:1
Харт оф Мидлотиан – Фиорентина 0:3
РФС – Башакшехир 0:0
Славија Прага – Клуж 0:1
Виљареал – Австрија Виена 5:0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот