ВИДЕО: Парма ќе го има најубавиот стадион во Италија?
Парма објави видео од новиот проект „Стадион Тардини“. „Стадион за Парма, инспириран од Парма“.
Клубот работи на проект за нов стадион, архитектот Алесандро Зопини вели дека новиот терен ќе биде „инспириран од Палацо Фарнезе и ќе биде во служба на луѓето од Парма“.
Покровителот Кајл Краузе тврди дека тоа ќе биде „најубавиот стадион во Италија“ и ја откри надежта на Дукали дека ќе започне да се гради „за една година“.
Како сето тоа ќе изгледа, можете да погледнете на видеото објавено од Дукали подолу..
Да додадеме уште дека Парма моментно сезонава се бори за опстанок во Серија А, се наоѓа на претпоследното 19 место со 20 бодови, четири помалку од Торино кој е во безбедната зона.
Uno Stadio per Parma, ispirato da Parma ?️??
Guarda il video ?⤵️Scopri di più ?➡️ https://t.co/BekJ2JFUas#ForzaParma pic.twitter.com/SRGWPM7CHd
— Parma Calcio 1913 (@1913parmacalcio) April 6, 2021