ВИДЕО | Париз: Обилните дождови поплавија улици и метро станици и го нарушија сообраќајот

Невреме во Париз, Франција / 16 август 2022 / Фото: Скриншот, Јутјуб

По неколкунеделниот топлотен бран, попладнево заврна пороен дожд во Париз, предизвикувајќи повеќекратни поплави на улиците и метро станиците. Според Каналот Метео, за помалку од еден час паднале 10 до 40 mm дожд, што е еквивалентно на две до три недели врнежи, јави дописникот на МИА.

Во 15-тиот арондисман на главниот град, корисниците на станицата Балард мораа да ги стават нозете во вода за да пристапат до платформите, бидејќи водата навлегла во станицата.

Малку по 18:00 часот, неколку станици последователно го затворија пристапот поради лошото време.

И покрај затворените станици, „сообраќајот е нормален“, изјави портпаролот на РАТП. Сообраќајот од друга страна беше „во прекин на целата линија Орливал” што ја одржува врската помеѓу станицата Антониј на RER B и аеродромот Орли.

Сообраќајот по улиците беше погоден, поради неколку поплавени булевари, покажуваат бројните слики објавени на социјалните мрежи. Авенијата Њујорк исто така била под вода, според интернет корисниците.

Забавување на сообраќајот забележа и СНЦФ. На линијата J на трансилиен, помеѓу Париз Сен Лазар и Ермон-Обон, „временските услови го нарушуваат сообраќајот”, се наведува на Твитер профилот на државната железница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот