ВИДЕО: Парите тука често паѓаат од небо: Кинез фрлал банкноти од зграда, но брзо бил уапсен поради мотивот

Кинеската полиција уапсила 29-годишен маж кој по користење на дрогата метамфетамин, почнал да фрла голем број на банкноти од прозорецот на својот стан кон луѓето кои оделе накај работа.

Неименуваниот човек направил вистинска претстава на улица. Луѓето застанувале и излегувале од автомобилот за да соберат од фрлените пари, а на снимката се гледа и дека дошло до гужва во сообраќајот. Како што пренесува Гардијан, полицијата известила дека човекот бил „во транс“ предизвикан од дрогата кога решил да фрла пари од зградата каде живее во Чонгкинг во југозападна Кина. Граѓаните повикале полиција која дошла и го привела човекот.

Според нивните зборови, тој бил задржан заради употреба на дрога и укажана му е медицинска помош. Ова не е прв таков случај во Чонгкинг. Пред три години, неименувана жена шетала по улица и фрлала пари. Таа фрлила околу 16.000 јуани, или повеќе од 2.000 долари, а подоцна објаснила дека го направила тоа бидејќи била нерасположена.

Минатата година, маж фрлил дури 100.000 јуани или околу 15.000 долари на пат во Фујанг. Тоа предизвика колапс во сообраќајот и луѓето почнале да паѓаат пробувајќи да ги зграбат фрлените пари.

Извор: Јутарњи.хр

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот