ВИДЕО| Папата Франциск утрово ја напушти болницата Гемели во Рим

Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Папата Франциск денеска ја напушти болницата Гемели во Рим, каде неколку дена беше лекуван од инфективен бронхитис.

„Сè уште сум жив“, се пошегува папата (86) на излегување од болницата.

Ватикан вчера потврди дека папата Франциск ќе ја напушти болницата денеска и дека утре планира да ја предводи мисата за верскиот празник Цветници, на плоштадот Свети Петар.

Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Светиот Отец пред три дена беше примен во римската болница каде прими антибиотска терапија.

Папата, кој има повеќе здравствени проблеми, беше примен во болница поради проблеми со дишењето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот